Back To Top

ДВОДНЕВНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ЈАВЕН НАСТАП И КОМУНИКАЦИЈА СО МЕДИУМИ

ВОВЕД
Можноста да бидете гостин во медиумите е нешто што не треба да го пропуштите.
Медиумска изложеност лесно ќе ве позиционира како експерт/ка во вашата област, што е многу важно за вашата репутација и за угледот на вашиот бизнис или активност.Обуката за јавен настап и комуникација со медиуми е специфична форма на тренинг. Важно е да знаете како да ја пренесете вашата порака, но, вистинската уметност е да ја кажете на таков начин, при што ќе бидете цитирани токму така како што сакате. Честопати, временското ограничување на ТВ-настапи не ни дозволува да кажеме сè што имаме на ум, па затоа е неопходно нашите пораки да ги приспособиме на одреден медиумски формат.Комуницирањето со медиумите не е така едноставно, па затоа Институт Концепт ви помага како да ја совладате оваа вештина. Со успешното завршување на дводневната работилница за јавен настап и комуникација со медиуми, ќе бидете подготвени за секаков облик на настап во медиумите.Нема да има повеќе незгодни прашања за вас, вашите пораки ќе бидат пренесени, а медиумите во вас ќе видат квалитетен соговорник.

Обуката ќе ја реализираат врвни експерти за јавен настап и комуникација со медиуми, кои имаат реализирано огромен број на проекти и обуки од оваа област.

Во текот на оваа едукативна програма учесниците ќе имаат можност да вежбаат различни формати на настап пред камери, а потоа снимениот материјал ќе се анализира.
ШТО ЌЕ НАУЧИТЕ?
Како да ја „продадете„ веста
Како да направите добра приказна во 40 секунди
Како да комуницирате со медиумите
Што е јавен настап
Како да го употребите говорот на тело и фацијалните експресии
Како да ја совладате тремата
Како да употребувате литературни јазични норми
Како да ги сузбиете суетата и личните афекти
Како да го задржите вниманието на публиката
Како да го промовирате вашиот настан и како да комуницирате со медиумите
Како лично да се брендирате и да изградите репутација
Како да работите на личните компетенции
Што се кризни комуникации и како да ги користите
Како да направите комуникациска стратегија која ќе работи за вас

ПРЕДАВАЧИ

Огнен Јанески – уредник-водител, автор и консултант
„Еден од највпечатливите гласови во етерот, кого јавноста го препознава како успешен водител-новинар, активист за човекови права и како домаќин на многу емисии, конференции, манифестации, обуки и тренинзи. Во своите 35 години живот, има повеќе од 20 години работно искуство, започнувајќи по животен пресврт кој го преживеал како дете. Првиот јавен настап го имал на возраст од пет години, пред публика од 600 луѓе, а најбројна публика која слушала негов импромту говор се над 90.000 луѓе на улица.“ – ќе напишат за него од Лондонската школа за односи со јавноста.

Маја Бабиќ – ПР и ивент менаџер
Повеќе од 27 години работа и искуство во организација, медиуми и ПР. Kако дел од агенцијата „Баги Комуникации“, била вклучена во подготовката и реализацијата на многу јавни настани. Таа е долгогодишна членка на тимот на фестивалот Браќа Манаки во Битола, како шефица на протоколот. Од 2020 година е претседателка на Асоцијацијата на ивент индустријата ИВАП, каде што ги застапува интересите на колегите од секторот организација на настани и други дејности. Исто така, активна е во многу проекти за инклузија на лицата со попреченост, како и на социјално загрозените лица. Активистка за правата и благосостојба на животните и за животната средина.

ЦЕЛНА ГРУПА

Претставници на секторот за односи со јавноста (оддели за комуникации, маркетинг), директори и менаџери на организации (профитни и непрофитни организации, локални самоуправи…), соработници и портпароли за односи со јавноста и сите останати кои сакаат да ги подобрат своите знаења и вештини за односи со јавноста и настап во медиумите.

Оваа обука е погодна и за внатрешно спроведување во фирмите, адаптирана за потребите на компаниите.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал
•   сертификат за учество

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за прв учесник изнесува 9.000 денари, плус ДДВ, додека за секој нареден учесник изнесува 8.000 денари.

 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт