Back To Top

15

недели

10

модули

20

часа теорија

100

часа практична работа

Академија за дигитален маркетер-PROFESSIONAL LEVEL

(120 училишни часа, 30 средби)

 

До  2020 година, 25% од светската економија беше дигитална. Секоја година оваа индустрија растеше за 40%, што е еквивалент на 5-6% раст во другите индустрии. Но, во оваа 2020 година,  дефинитивно овие проценти се многукратно зголемени. А овој тренд ќе потрае подолг период. Изгубени се милиони работни места во конвенционалните бизниси, но многу работни места се креирани благодарение на новите технологии.

Напуштајќи го концептот на класичниот маркетинт, дигиталниот маркетинг ги отвора вратите на сите индустрии, побрзо и поефективно да допрат до потрошувачите. Во таа насока, Институт КОНЦЕПТ ја лансира АКАДЕМИЈАТА ЗА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР, која преку 10 модули ја затвора целината на комплетно изграден дигитален маркетер. Почнувајќи со креирање на дигитална маркетинг стратегија, преку алатките за дигитално огласување, па до анализа и резултати од спроведените кампањи, студентите преку 80% практична работа и вежби комплетно ќе се оспособат за работната позиција-дигитален маркетер.

После секоја тематска целина студентите ќе поминат тестирање што ќе биде гарант за нивото на владеење на материјата, додека на крај со проектна задача ќе ја одбранат официјалната диплома за ДИГИТАЛЕН МАРКЕТЕР. Програмата на Академијата е верифицирана од Министерството за образование и наука, а дипломата е официјално призната во земјава.

Академијата е наменета за:

  • маркетинг менаџери и вработени во маркетинг сектор
  • менаџери за продажба и вработени во продажен сектор
  • менаџери за развој на бизнисот; бренд менаџери; веб стратези; продукт менаџери; медија планери; crm професионалци
  • претприемачи/сопственици на мали и средни претпријатијa
  • лица кои планираат професионално да се занимаваат со дигитален маркетинг
  • студенти
  • сите оние кои сакаат да го усовршат своето знаење

Придобивки и цели на Академијата

Комплетна подготовка за работа на позиција дигитален маркетер и официјална диплома признаена од Министерство за образование и наука.

Ефективни предавања и практична работа - група ограничена до 20 учесници.

Трансформација на класичните маркетинг тимови во дигитални, започнување свој бизнис или полесно и побрзо вработување.

Зголемена продажба и привлекување повеќе корисници. Намалување на трошоците за маркетинг и рекламирање.

Детали за котизација

  • Котизацијата изнесува 60.000 денари + ДДВ со можност за плаќање на рати.
  • За физичките лица Институт КОНЦЕПТ обезбедува  можност за плаќање на 12 рати.
  • За студенти следува попуст од 20%.

За сите дополнителни информации во врска со академијата контактирајте не на:

телефон: ++ 389 70 272 207

e-mail: institut@koncept.com.mk

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт