Back To Top

НОВ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ТЕХНИЧКАТА ИНСПЕКЦИЈА

Online обука на платформа:
File:Zoom Communications Logo.svg - Wikimedia Commons

ВАЖНО: На обуката, покрај темите предвидени согласно агендата, учесниците ќе имаат можност, да постават прашања и да добијат одговори кои се во надлежност на Технички инспекторат.

Цел на обуката

Со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција се врши усогласување на прекршочните одредби согласно  член 132 став (1) од Законот за прекршоците  („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019), и усогласување со Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019), со што се намалуваат драстично сумите за пркршоците, се воведува и опомената како опција.

Се именуваат условите и документацијата потребна за пуштање во употреба на цела техничка опрема опфатена со закон за техничка инспекција и условите и документи за Известувањето за извршен периодичен технички преглед кој се поднесуваат до ДИТИ.

Поради брзиот технолошки развој и динамичното секојдневие на граѓаните на Република Македонија, се наметна потребата од воспоставување на Национален портал за електронски услуги, Каталог на услуги и Една точка за услуги, како и нивно законско утврдување. Националниот портал за услуги и каталогот на услуги ќе имаат повеќе функционалности. Електронските услуги ќе бидат достапни до највисоко ниво на софистицираност, односно од моментот на поднесување на барање за некоја услуга до самото добивање на актот.

Од таа причина, Министерството за економија изготви Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција во кој се дефинира поднесувањето на барањето, издавањето на Решенијата и други документи по дигитален пат и комуникацијата меѓу институциите.

Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција се усогласува со изворите на правото на Европската унија и тоа РЕГУЛАТИВА (ЕУ) БР. 910/2014 НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ од 23 јули 2014 година за електронска идентификација и доверливи услуги за електронски трансакции на внатрешниот пазар и за укинување на Директива 1999/93/ЕЗ (CELEX бр. 32014R0910)
 

СОДРЖИНА  

1.Вовед
2.Хармонизација на правниот систем 
3.Постапка на акредитација на правни лица, Член 21
4.Намалување на висината на глобите преку утврдување на точен распон на прекршочните глоби во зависност од тоа дали станува збор за микро, мал, среден или голем трговец. 
5.Толкување на Член 17
6.Имена на начинот за вршење на постапка за порамнување за сторен прекршок.
7.Воведување на надоместок за издавање на решение за ставање во употреба на техничка опрема, надоместок и за Известување за извршен периодичен технички преглед на техничката опрема како поефикасно и поефективно работење на Државниот инспекторат за техничка инспекција.
8.Дигитализација на процесите заради обезбедување на ефикасно и ефективно давање на електронски услуги на корисниците, кои може да бидат физички и правни лица, преку Националниот портал за електронски услуги, како и размена на документи помеѓу институциите од јавниот сектор преку Националната платформа за интероперабилност. 

ПРЕДАВАЧ

М-р Лазе Атанасов
е дипломиран машински инженер , магистар за безбедност и здравје при работа вработен како државен технички инспектор во Државниот инспекторат за техничка инспекција при Министерството за економија.

ЦЕЛНА ГРУПА

Секое правно или физичко лице кое поседува или користи техничка опрема од следниве области:
– опрема под притисок
– пренослива опрема под притисок
– лифтови, платформи, кранови, дигалки и транспортери од секаков вид, 
– Жичари и скии лифтови
– производи и постројки наменети за работа во експлозивна атмосфера – АТЕХ
– електроенергетски постројки, електрични производи и уреди
– правни лица кој работат на експлоатација на минерални суровини – концесионери кој користат опрема опфатена со Закон за техничка инспекција и соодветните технички прописи.
– независни правни лица кој вршат испитување на техничката опрема со решение за овластување издадено од Министерството за економија на РСМ.
– Правни лица кој се производители, трговци и овластени претставници  за пуштање на пазар на техничка опрема опфатена со сите технички прописи согласно Закон за техничка инспекција и Закон за безбедност на производите.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
•    работен материјал во електронска форма; 
•    сертификат за присуство 

ДЕТАЛИ ЗА КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за прво лице изнесува 5.000 ден +ДДВ, а за секое наредно лице изнесува 4.500 ден + ДДВ.

 

*Сите полиња се задолжителни

Сакам да се претплатам на Newsletter-от на Институт Концепт