Back To Top

8 март, 2021 | Актуелности

5 ЧЕКОРИ ДО УСПЕШНА EMPLOYER BRANDING СТРАТЕГИЈА

Развојот и имплементацијата на успешна Employer Branding стратегија е основа за привлекување и вработување таленти. Во овој блог, ќе Ви претставиме 5 чекори кои треба да ги следите за да изградите успешна Employer Branding стратегија.

Што е Employer Branding стратегија?

Employer Branding е процес на градење на брендот на работодавачот. Employer Brand или бренд на работодавачот е израз кој се употребува за да се опише угледот и популарноста на компанијата како работодавач и вредноста што таа компанија им ја нуди на своите вработени.

Многу професионалци за човечки ресурси сè уште се двоумат дали воопшто е потребно брендирањето на работодавачите. За жал, тие сè уште не се свесни за тоа дека развојот и спроведувањето на стратегијата за брендирање на работодавачи е основа за успешно стекнување таленти. Јасно дефинираната стратегија за Employer Branding ќе ви овозможи да ги пронајдете, привлечете и вработите најдобрите кандидати.

Со цел да бидат ефективни во развојот, планирањето и спроведувањето на ефективна стратегија за брендирање на работодавачи, успешните регрутери следат 5 чекори:

Чекор #1 – Дефинирајте ги целите на Employer Branding стратегијата

Првиот и најважен чекор во градењето успешна стратегија за брендирање на работодавачот е да ги дефинирате целите што сакате да ги постигнете со неа.

Некои од најчестите цели на брендирањето на работодавачот се следниве:
• Привлекување таленти за позиции за кои тешко се наоѓаат кандидати.
• Примање повеќе пријави од квалификувани кандидати.
• Унапредување на угледот на компанијата како работодавач.
• Градење однос втемелен на взаемна доверба со кандидатите.
• Подобрување на искуството на кандидатот.
• Привлекување повеќе кандидати преку социјалните мрежи.
• Зголемување на стапката на прифаќање понуди за работа.

Чекор #2 – Дефинирајте го идеалниот кандидат

Со цел да ги привлечете најдобрите таленти, прво мора да креирате профил на вашиот идеален кандидат. Профилот на вашиот идеален кандидат ќе ви даде увид во видот на кандидатот кој идеално би се вклопил во вашето работно опкружување и организациската култура.

Ако не знаете кој е вашиот совршен кандидат, нема да можете да испраќате насочени пораки до кандидатите што сакате да ги привлечете.

За да го дефинирате вашиот идеален кандидат, треба да одговорите на следниве прашања:

BIO
Кој е вашиот идеален кандидат?

  • Возраст
  • Позиција
  • Титула
  • Плата
  • Локација
  • Едукација
  • Искуство

ЦЕЛИ
Зошто би ја смениле својата моментална работна позиција?

  • Животни цели
  • Инспирација во кариерата

ПОТРАГА ПО РАБОТА
Како бараат/аплицираат за работа?

  • Активно/пасивно
  • Мобилен, компјутер, таблет, познанства

КАРАКТЕРИСТИКИ
Кои се нивни главни карактеристики?

  • Што би покажала нивната психометричка анализа?

МОТИВАЦИЈА
Што ги мотивира?

  • Репутација на компанијата
  • Мисијата и визијата на компанијата
  • Вредности и норми
  • Организациска култура
  • Плата
  • Проекти и иновации
  • Работна средина
  • Учење
  • Бенефиции
  • Колеги и менаџери

ФРУСТРАЦИИ
Што ги фрустрира моментално?

  • Зошто би ја промениле моменталната работна позиција?
  • Бариери при промена на работата

КАНАЛИ
Каде се движат?

  • Социјални мрежи, препораки, портали за работа

ВЕШТИНИ
Кои се нивни примарни вештини и атрибути?

  • Во која област имаат најмногу знаење и искуство?

ИНФЛУЕНСЕРИ
Кој ќе има најголемо влијание врз нивната одлука?

  • Пријатели и семејство
  • Партнер
  • Сегашен работодавец и колеги
  • HR менаџер, регрутер, CEO
  • Иден работодавец и колеги

СОДРЖИНА И РЕСУРСИ
Кои и чии информации се информации во кои би верувале?

  • Огласи
  • Социјални мрежи
  • Веб-страницата на компанијата
  • Оценка на сегашните вработени и менаџери
  • Едукациски и информативни работилници.


Чекор #3 – Дефинирање на EVP (employee value proposition)

Дали знаете зошто вашите вработени ја избрале токму вашата компанија за свој работодавач? Дали знаете зошто тие продолжуваат да работат со вас? Дали знаете што е она што најмногу го сакаат и ценат кај вашата компанија?
Ова се прашањата на кои треба да одговорите за да изградите успешна стратегија за брендирање на работодавачи. Одговорите на овие прашања најдобро ги опишуваат вашите пропозициски вредности.

Пропозициските-вредности се сè она што вашата компанија им го нуди на своите вработени.

Пропозиционите вредности на компанијата се состојат од 5 главни елементи:
1. Компензација
– Задоволство од плата
– Задоволство од системот на компензација
– Покачувања на плати и унапредување
– Точност
– Праведност
– Систем на евалуација

2. Бенефиции
– Слободно време
– Празници
– Осигурување
– Образование
– Флексибилност
– Семејство

3. Кариера
– Можност за напредок
– Стабилност
– Тренинг и едукација
– Развој на кариера
– Едуцирање
– Советување
– Евалуација и фидбек

4. Работна средина
– Признание
– Автономија
– Лично влијание
– Баланс меѓу приватниот и деловен живот
– Предизвик

5. Култура
– Разбирање на стратегиите и целите
– Колеги
– Лидери и менаџери
– Колаборација/Динамика и тимска работа
– Социјална одговорност
– Доверба

Чекор #4 – Дефинирање на методи и канали за промоција на вашата Employer Branding стратегија

Во овој чекор е важно да ги дефинирате методите и каналите што ќе ги користите за да ги претставите пропозициските вредности на вашата компанија пред вашите идеални кандидати.

Кои методи и канали ќе ги изберете, ќе зависи од карактеристиките на вашиот идеален кандидат.

Некои од можните методи и канали за промовирање на стратегиите за брендирање на работодавачи што можете да ги користите вклучуваат:
– социјални мрежи
– сегашни вработени и препораки
– едукациски предавања и работилници
– inbound регрутација
– огласување
– односи и комуникација со кандидатите
– процес на аплицирање

Чекор #5 – Мерење на ефикасноста на Вашата Employer Branding стратегија

Исклучително важно е да се следи и мери ефективноста на вашата Employer Branding  стратегија. Со цел да се измери степенот до кој сте ги постигнале целите на вашата стратегија за брендирање на работодавачот, треба да следите одредени индикатори за успешност, односно најважните HR метрики.

HR метриките се јасни показатели за продуктивноста и успешноста на вашите стратегии за вработување. Тука спаѓаат: време потребно за вработување, трошоци за врбаотување, квалитет на кандидати, стапка на прифаќање на понуди и слично.

Следењето и анализата на овие индикатори ќе ви даде увид во тоа кои делови од вашата Employer Branding  стратегија функционираат добро и кои можат да се подобрат.

Без оглед на големината  на Вашиот бизнис, Employer Branding е стратегија од која секоја компанија може да има корист.  Добрите односи со вработените и нивната лојалност сигурно ќе имаат позитивно влијание врз бизнисот.

ПОВРЗАНИ СТАТИИ